fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Од понеделник големо заладување и снег

Ќе пробаме ли кајсии годинава и ќе има ли доволно род од праски цреши и вишни.

Ова се прашање кои секоја година во пролет ги мачи земјоделците. Со последните најави за новиот влажен и студен бран кој ќе не зафати од понеделник па се до четврток загриженоста на земјоделците за расцветаните овошки е уште поголема.

И агрометеоролозите студениот бран кој ќе не зафати го оценуваат како неповолен. Ако минатата недела сдуените утра кратко се задржаа и ветерот помогна да нема сериозни оштеувања кај цветовите на овошките за оваа недела опасноста е поголема но се ќе зависи од тоа дали ќе се задржи облачност или ќе се разведри по дождот со што и минусните температури стануваат вистински проблем.

Според мерењата на УХМР 30 годишниот просек за појава на пролетен мраз истекува на 9 април што покажува дека овој студ и опасноста од штети не се невообичаени за нашето климатско поднебје. Преклани цело лето имаше недостиг од кајсии а драстично беше намален и родот од праски од пораностасните сорти што се одрази и на цената на овие овошни видови на пазарите.

Извор https://kanal5.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close