Од снегот македонски села трет ден се без струја
Силните врнежи од снег посериозно ја погодија дистрибутивната мрежа во реонот на Битола, Демир Хисар, Кичево, Македонски Брод и Гостивар.
Повеќе села што гравитираат околу Македонски брод без струја се од саботата навечер. Вознемирен жител од селото Сланско вели дека постојано вратат на телефонскиот број на Електродистрибуција, но дека не добиваат прецизен одговор кога ќе им светне во домовите.
-Страшно е да се биде без струја на ова студено време. Јас се греам на дрва, но има постари луѓе кои не се во состојба да си запалат огин и кој се определиле да се греат на струја. Од друга страна, ние обично по селата чуваме поголема количина на храна во замрзнувачите. Сега тоа веќе се е размрзнато. Кој ќе ми ја надомести штетата? Ќе останеме без храна! – реагираше жител од Сланско за Слободен печат.
Од Електродистрибуција за „Слободен печат“ велат дека Македонски Брод веќе има нормално и стабилно снабдување со електрична енергија, а се продолжува со работни активности и во руралните селски средини во истиот регион.
-Екипите моментално се на терен и ги преземаат сите неопходни мерки и активности со цел отстранување на овие дефекти – велат од Електродистрибуција.
Оттаму посочија и дека силните врнежи од снег посериозно ја погодија дистрибутивната мрежа во реонот на Битола, Демир Хисар, Кичево, Македонски Брод и Гостивар.