вести

Македонски земјоделско-прехранбени производи за прв пат промовирани на саемот „FOODEX“, во Токио, Јапонија

(Oвој напис е објавен на: март 12, 2018)

saem

Единаесет македонски компании за прв пат ги претставија своите земјоделско-прехранбени производи на саемот „FOODEX“, што деновиве се одржува во Токио, Јапонија.

Со цел зголемено присуство на Република Македонија во Јапонија и поширокиот Азиски пазар, како и за проширувањето на деловните можности на производителите од Република Македонија кои што веќе извезуваат на овие пазари, во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за прв пат оваа година, македонски компании и компании од Република Македонија учествуваат на оваа реномирана саемска манифестација.

На штандот кој го финансира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, своите производи ги претставија 6 македонски винарски визби  како и 5 преработувачи на земјоделски производи.

Ова е 43-то издание на Меѓународниот саем за храна и пијалоци „Foodex 2018“. Овој саем во Јапонија  е најголемата саемска манифестација во Азија посветена на храна и пијалоци од Јапонија и од целиот свет.Саемот е посетен од  околу 85.000 купувачи, дистрибутери и трговци со храна и пијалоци од Јапонија и други земји.

На овој реномиран саем оваа година покрај нашите изложувачи  се претставија и други над 3.350 изложувачи на над 4.000 штандови.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во следниот период ќе ги поддржува меѓународните саемски манифестации, со цел поголема промоција на македонските земјоделско-прехранбени производи.

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close