fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Одгледувачите на канабис во Македонија ги губат лиценците, бизнисот им станува неисплатлив

Само во текот на изминатиот април без лиценца останаа одгледувачите „Каноби“, „Кабеири“', „Андерсон Леонард Фармацеутикал“, „Реј Грин“, „Канафилд“, „Крушево Веед Инт“, сите со седиште во Скопје, како и „Солидис Хербал“ од Струмица, „Грин Медикал Терапи“, од Чучер Сандево и „Беланџ“ од битолско Кравари. Претходно во текот на 2023 без лиценца останаа и „Гри&Био Фарм“ и „Греенго 2018“ од струшка Драслајца.

Само во првите четири месеци од годината Влада одзеде десетина лиценци на компании за одгледување на канабис за медицински цели. Се работи за зачестена појава во изминатиот период, ако се знае дека претходно можеше да се случи една-две компании за одгледување на канабис да престанат со работа во текот на годината, објави Фактор .

Само во текот на изминатиот април без лиценца останаа одгледувачите „Каноби“, „Кабеири“’, „Андерсон Леонард Фармацеутикал“, „Реј Грин“, „Канафилд“, „Крушево Веед Инт“, сите со седиште во Скопје, како и „Солидис Хербал“ од Струмица, „Грин Медикал Терапи“, од Чучер Сандево и „Беланџ“ од битолско Кравари. Претходно во текот на 2023 без лиценца останаа и „Гри&Био Фарм“ и „Греенго 2018“ од струшка Драслајца.

Иако неколку од оние на кои Владата им ги одзема претходно доделените одобренија за работа во медиумите беа поврзани со претходни полициски акции, Костадин Дуковски, претседател на здружението „Макканабис“, објаснува дека тоа е резултат на губење на бизнис интерес, затоа што власта не им овозможила на компаниите олеснувања во извозот.

– Владата не го оствари ветеното дека ќе се донесе Предлог-законот со кој ќе беше овозможено да се извезува цвет и овие фирми ја загубија секоја надеж. Тие сами пријавиле да им се одземе лиценцата или пак тоа Владата го прави автоматски штом претпријатијата ќе ги одјават вработените, вели Дуковски.https://faktor.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close