Важни производни цели се- висок дневен прираст, оптимална возраст при прво телење, здраво виме, стабилна база на нозете, високо производство на млеко, долг производен век, ниски трошоци на одгледување.
План на хранење до осеменување на јуниците
Во првата фаза на одгледување на телињата треба да се остварат високи дневни прирасти од околу 850г, за да можат јуниците да се осеменат на возраст од 15 до 17 месеци при тежина поголема од 400 кг. Помеѓу 3 и 9 месец на живот се оформува вимето. Со интензивно хранење се овозможува добар развој на вимето. Храната треба да биди со добар мирис и вкус, добар квалитет, со високи квалитативни својства. Исто така треба и високо квалитетна вода, бидејќи јуницата дневно пие од 10 до 45 литри вода. Дали се развиваат по планот, се проверува со вагање.
Фармите со мешалки за храна, им даваат ТМР оброк н акравите во лактација.
Фармите без мешалки за храна им даваат основен оброк на кравите во лактација ( на пр. 1/2 тревна и 1/2 пченкарна силажа).
Совети и препораки-
- на јуниците им треба доволно светло. кислород и движење
- 50% од јуниците кои лежат, треба да преживуваат.
- се дава оброк само со одличен квалитет, Лабацил Дуо
- вода на располагање
- секоја компонента која не им го подобрува развојот, не носи пари.
Секоја компонента која го подобрува оброкот, носи пари. Редовно да им се прегледува изметот. Да се обликува оброкот што поедноставно, да се обликува оброк соодветен за преживари, компонентите на оброкот треба да бидат на располагање низ целата година, да се осигураат јуниците со минерални состојки Примасан 150г дневно, 8 недели пред телење , да се вклучат јуниците кај кравите., еднаш неделно да се дезинфицираат боксовите со 50 гр Сано Сан.
Производни цели се- да се спречи губењето на телиња, високи дневни прирасти, рано консумирање на цврста храна, ниски трошоци на одгледување. Во втората фаза на одгледување на јуниците, се тежнее кон 750 кг, така да јуниците прв пат се телат на возраст од 24 до 26 месеци со тежина поголема од 600 кила. Не треба да се хранат многу обилно, за да не создаваат мрсно ткиво, а и ке имаат проблеми при телењето. Сите грешни пресметки во втората фаза, одат на товар на производната спремност.
Едноставно е- фармите со ТМР мешалка за храна на јуници од осеменување до 8 недлеи до телење, им се дава храна во шталата ( ТМР плус слама), без додавање на Прената 50. Фармите без мешалки за храна, своите јуници ги хранат како кравите во шталата ( 2/3 тревна и 1/3 пченкарна силажа плус сено/ слама). Добиваат и дневно 0,5 кг концентрат и 150 г Примасан. 8 недели пред телење , на оброкот треба да се додаде 50 г Прената 50, дневно.
Трошок е 125г Примасан по теле. Искуствата покажуваат дека САНО концептот на хранење за одгледување на јуници со Примасан , овозможува оптимален развој. Така се одгледуваат крави со високо производство на млеко со одличен состав, добра плодност, одлично здравје на вимето , долг производен век. Со САНО концептот за хранење на јуници до првото осеменување се постигнува од 15 до 17 месеци, а ремето на првото телење е 24 до 26 недела. Тоа значи дека 1 литар дневно по крава има предност од околу 90 евра годишно. 0,1% повеќе маснотии во млекотот донесува предност од околу 20 евра годишно . 0,1% повеќе протеини во млекото носи предност од 40 евра годишно. 1 Месец порано во првото осеменување носи предност од околу 45 евра годишно. 10% помалку ремонт носи предност околу 150 евра годишно. Вкупна вредност е 345 евра годишно.