fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите го најавија протестот во полиција

Во четврток од 12 до 14 часот протест на тутунарите. Новоформираните здруженија повикуваа на обединување и што поголема масовност.  

Протестот на тутунарите кај Плетвар денеска уредно најавен во полиција. Од новоформираните здруженија на тутунари инфомираат дека протестот е регуларно потврден на Плтевар кај бензинската пумпа на Лук Оил.

Новоформираните здруженија повикуваа на обединување и што поголема масовност.

-Новоформираните здруженија со заеднички протест.Кога се работи за интересот на тутунарите недоразбирањата мора да се остават и се оставени на страна.Ги повикуваме сите тутунопроизводители без разлика на вера нација или политичка определба, маката ни е иста и целта ни е иста.Тутунот мора да се откупи до последниот произведен килограм.Тука ќе се потенцира и барањето за 90 денари субвенција по сите класи за што на министерот му беше доставен и документ на каков начин и од кој ставки од буџетот ќе се обезбедат овие средства бидејки ги има во буџетот само треба волја да се искористат за намалуваме на штетите од ниската одкупна цена во минатата реколта. Ако кон овие 90 денари по килограм ги додадеме и 10 денари од ковид мерката која ги планира владата ќе дојдеме до цена која барем малку ќе ја амортизира загубата која ја претрпеа тутунарите.Исто така за новата реколта имаме решенија кои исто така ке бидат доставени до Министерството со кои сметаме дека сега треба да се решат проблемите за да не наидиме повеќе на ваква тешка реколта по тутунарите, пишуваат организаторите на протестот на ФБ групите.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close