fbpx
Вести

Цената на јагнето ниска, најголем пласман во Италија

jag

Од 135 до 140 денари е откупната цена на прва класа јагне жива мера за велигденските празници, а италијанскиот пазар и годинава е најголем побарувач, велат сточарите.

Тие не се задоволни ниту од цената, ниту од пласманот. Очекуваат вкупниот извоз да достигне максимум 150.000 грла што е намалување во споредба со лани кога беше 200.000.

– И оваа година нашето јагне најмногу се бара на италијанскиот пазар. Традиционално се извезува и во Хрватска, а според наши сознанија, се бараат одредени количини и во Турција. Цената е ниска, не може да ги покрие производните трошоци. Во однос на пласманот, сметаме дека влијаат два фактора: тоа што Велигден годинава е малку поблиску и јагненцата не се пораснати за продажба. Тоа плус влијае и на цената. Второ, бројот на овци стагнира, не оди нагоре. Се повеќе се напуштаат трлата зашто тешко се наоѓаат овчари, сите бегаат. Овчарската работна рака е многу скапа, не се наоѓаат луѓе, изјави претседателот на здружението на сточари „Даши“ од Дебар Скендер Аме.

Аме имал 700 – 800 овци, но годинава фондот му е намален на 500.

– Лани откупната цена на јагнето беше 130 денари за килограм жива мера, а пред четири години достигна 180 денари. За да биде исплатливо производството, треба да биде најмалку 160 денари за килограм. Нам ни се нуди помалку зашто не сме членка на ЕУ. Италија ни ги царини нашите грла, поради тоа и ни ја намалува откупната цена. Сепак, го бараат нашето јагне зашто е најкавлитетно, објаснува Аме.

Според него, интересот за јагнето се намалува и зашто потрошувачите, посебно младите, се почесто јадат брза храна. Едноставно, ги мрзи да подготвуваат традиционални јадења, немаат време да купат, па уште и да го печат јагнето.

– Италија, но и генерално, другите земји, земаат помалку јагниња зашто младите веќе не сакаат традиционална храна. Трчаат по хамбургери, по суви јадења. Тешко им е да спремаат. И тоа влијае на продажбата, ја намалува. Ист е случајот и со нас, тука, во Македонија. Младите се почесто избегнуваат традиционала и јадат сува храна, смета Аме.

Крајниот рок за откуп на велигденското јагне за италијанскиот пазар е 23 март зашто се потребни десет до недела дена за да се заколат и транспортираат.


 

а1он.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close