fbpx
ВестиТоп вести

Одгледување на тартуфи можност за добар бизнис

 

 

Тартуфите се многу ретки видови на печурки кои растат под земја. Тешко се наоѓаат и  во светот  се многу барани. Тартуфите им биле познати и на старите Египќани, Римјаните и Грците, а повторно стануваат актуиелни во 19 век.

Во својот состав  изобилуваат со минерали: калиум, натриум и фосфор. Го штитат здравјето на срцето и целокупниот кардиоваскуларен систем. Се верува и дека со консумирањето го подобруваат расположението, а на некои од нив им се препишуваат и афродизијачки својства. Ретки се и многу скапи. На тема тартуфи Зелена берза разговара  со Радослав Чатиќ добар познавач и едукатор за подигнување на плантажи со тартуфи. Плантажното одгледување на тартуфи се смета за добар бизнис од кој може многу да се заработи.

 

 ЗБ: Што се тоа тартуфи?

РЧ:Тартуфи се микоризни печурики (никако паразитски), кои растат во симбиоза со корења на одредени видови дрвја кои што се исклучително ценети и имаат голема вредност на пазарот.

ЗБ:Колку видови на тартуфи постојат?

РЧ:Основната поделба на тартуфите е на црни и бели. И од двата  има повеќе врсти, но за жал  светскиот пазар (кој има монополска позиција) избира само три врсти и тоа tuber magnatum, tuber aestivum I tuber melanosporum, врсти кои одговараат  на Италија, Франција како и во Истра, Хрватска. Така се занемарени одлични врсти на тартуфи  со префинет вкус и посебност во мирисот како што се , tuber macrosporum, tuber brumale итн.

ЗБ:Каде може да се најдат во природата и можно ли е да се одгледуваат фармерски, какви се искуствата?

 

РЧ:Во природата се наоѓаат од 40 до 50 меридијан, но околу 45 степен ги има најмногу. Успеваат под корењата на следните врсти дрвја: лешник, даб,  топола… но само оние кои  случајно  се оплодени од тартуфи преку диви животни.  Исклучиво се пронаоѓаат  со кучиња специјално дресирани за таа цел. Останатите животни ги пронаоѓаат за сопствени потреби . Тартуфите култивирано се одгледуваат од 1808 година. Родоначалник на првата плантажа е Јозеф Талон во покраината Валкуз. Масовно одгледување  на тартуфите почнува од 1855 година. Јас неколку децении, со претходна едукација на заинтересирани одгледувачи на тартуфи подигнувам плантажи на територијата на  цела бивша Југославија, а воедно и во Македонија. Балканот е најидеално место за плантажно одгледување  на тартуфи и ги има сите потребни услови за тоа. Од моите ученици- одгледувачи на тартуфи имам повратна информација со прекрасни резултати  на  плантажите од 200 ха.

ЗБ:Зошто ги нарекуваат црни дијаманти?

РЧ:Заради високата цена што ја постигнуваат на пазарот тартуфите ги нарекуваат црни дијаманти. Во оваа насока најмногу се издвојува белиот  тартуф, tuber magnatum.

ЗБ:По која цена се откупуваат?

РЧ:Цената на тартуфите е варијабилна во зависност од временските услови. Цените на црните тартуфи се движат од 400 – 1200 евра , а на белите  од 3000 до  15 000 евра за килограм.

ЗБ:Има ли литература, можност за едукација за одгледување на тартуфи?

РЧ:Од моето долгогодишно искуство, се доаѓа само до еден заклучок дека целата литература опфаќа само некој сегмент, па оттаму мојата едукација е единствена која ги опфаќа сите сегменти на тартуфите од историското потекло, одгледувањето па до консумирањето.

ЗБ:Какви се  можностите  на нашето поднебје за одгледување на тартуфи?

РЧ:Условите воМакедонија се идеални за одгледување на тартуфи, климата, почвата, количината на врнежи, географската локација се идеални за одгледување на најскапата храна на светот.

 

 

 

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close