
Субвенции наскоро ќе добијат и производителите на пченица и јачмен, најави директорот на Платежната агенција
И овие налози се завршени и испратени до Трезорот и земјоделците многу брзо ќе ги добијат своите субвенции – изјави Стоилов.
Субвенции наскоро ќе добијат и производителите на пченица и јачмен, за откупени количини, најави директорот на Платежната агенција Илија Стоилов во емисијата „Студио 10“ на 24 ТВ.
-Завршени се исто така налозите и за мерката 1.3 за остварен принос на пченица и јачмен. И овие налози се завршени и испратени до трезор и земјоделците многу брзо ќе ги добијат своите субвенции – изјави Стоилов.
Како корисници кај мерката 1.3 се јавуват земјоделски стопанства корисници на подмерката 1.1 „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за тутун”, кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион и оствареното производство го имаат продадено во преработувачки капацитети, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
А.Б