fbpx
Вести

Околу 150 тутунари во штипско подигнале евидентни листови

Тече рокот за подигнување на евидентни листови за склучување на договори за откуп на тутунот од претстојната реколта. Во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Штип, досега евидентни листови подигнале 150 тутунари.

okolu 150 tutunari vo shtipsko podignale evidentni listovi

 

– „Одзивот за пријавување на планираното производство е слаб. Во следниве десетина дена, пред истекот на рокот до крајот на март, евидентни листови може да подигнат уште најмногу педесет тутунари, колку што се издадени лани” – велат надлежните од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Штип.

Според ова, проценките за оваа реколта се дека и покрај добрата откупна цена на тутунот и субвенциите што ги добија тутунарите, површините под тутун во штипско и карбинско нема да се зголемат.

Ова се коси со напорите на тутунарските здруженија, кои имаат тенденција да го зголемат тутунопроизводството во регионот.

Дел од тутунарските здруженија веруваат дека и државата ќе даде повисоки субвенции на производителите.

Површините под тутун во штипско се намалуваат. Лани беа засадени само 104 хектари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close