fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Општина Битола организира бесплатен превоз за Нижеполе и Копанки

Пријавување на следниот телефонски број 070 288 640.

По вчерашната објава за бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки, граѓаните можат да се пријавуваат на следниот телефонски број 070 288 640.
Пријавувањето ќе биде денес до 17.00 часот, за сабота и недела, каде граѓаните ќе треба да остават лични податоци, по што ќе бидат информирани во кое возило ќе бидат сместени.
Поаѓањето ќе биде од една локација – паркингот на спортската сала Боро Чурлевски, во 8 часот и во сабота и во недела. Враќањето од скијачките центри кон Битола е во 15.30 часот, од локацијата каде што ќе бидат оставени на поаѓање.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close