fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Општина Ресен ги повика граѓаните: Пријавете штети од поплавите најдоцна до 26 декември

„Секој барател има обврска да достави придружна документација поврзана со имотот, видот на објектите и добрата во домаќинството“, појаснуваат од општината.

Општина Ресен денеска ги повика граѓаните кои имаат штета предизвикана од природна непогода, односно поплава на објекти, предмети и добра во домаќинството, а која се случи минатиот месец, да ги пријават во просториите на локалната самопуправа.

Барањето за пријавување на штета се добива во Општина Ресен, а секој барател има обврска да достави придружна документација поврзана со имотот, видот на објектите и добра во домаќинството.

Како што е познато со големата поплава во Преспа, најпогодени беа населените места Царев Двор и Дрмени, каде се излеаја Голема Река и Царедворска Река, а водата навлезе и во куќите на локалното население.

Општина Ресен со цел да се спречат заразни болести и во соработка со надлежните институции изврши дезинфекција на улиците со хлор, а од денеска и обесштетување на граѓаните кои штетите од поплавите треба да ги пријават најдоцна до 26 декември.

Фото: МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close