Општина Новаци набави опрема од проектот Аgrowchain

(Oвој напис е објавен на: April 16, 2019)

Со средства од проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини“- Agrowchain од програмата за прекугранична соработка Македонија Грција набавен е трактор и приколица кои се  дел од опремата која општина Новаци треба да ја набави за да ги чисти речните корита и канали со кои ќе собира биомаса за загревање на детската градинка, соопштуваат од општина Новаци.

„ Ова е само дел од потребната опрема за таа намена. Во тек е јавната набавка за набавка на хидраулична рака за сечење и чистење на вегетацијата од речните корита и каналите , а дополнително ќе се набави и балирачка и котел за парно греење специјализаран за биомаса“, рече Љубе Кузманоски , градоначалник на општина Новаци.

Партнери во проектот од македонска страна се АПРЗ а од грчка Детепа општинско претпријатие за централно загревање од Аминдео, CRES и CLUBE.

Проектот ќе трае 24 месеци, започна во јуни 2018 а ќе трае до 2020 година. Вкупната сума за сите партнери изнесува 669 илјади евра. Буџетот на општина Новаци изнесува 216 илјади евра.

Проектот „Менаџирање со агро отпадот за загревање во руралните средини“ е поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка.

З.Б.

Share Button