fbpx
Вести

Земјоделците немаат големи надежи од Уставен суд

ustaven sud

Каква и да биде одлуката на Уставен суд во среда во врска со субвенциите, земјоделците не очекуваат дека многу брзо ке ги добијат своите пари. Велат дека исплатите, најверојатно, ќе и останат во наследство на новата Влада.

На седницата во среда уставните судии ќе ја разгледуваат иницијативата на земјоделското здружение Агротиквешија, со која се бара оспорување на членот на Изборниот законик кој забранува исплата на субвенции се до формирање на новата Влада. Упатени извори велат дека токму таа одредба од Изборниот законик беше воведена по долгорочно преговарање меѓу партиите и со поддршка на меѓународните институции, така што не може да се предвиди како ќе одлучи Уставниот суд.

Директорот на Платежната агенција Златков ни изјави дека досега потпишал налози во износ од 58 милиони евра. Очекува дека средствата бргу ќе стигнат кај земјоделците.

„Се надевам дека одлуката на Уставен суд ќе биде позитивна, по што министерот за финансии бргу ќе ги потпише налозите за исплата на земјоделците. Јас не сум политичар за да можам да одговорам дали сегашната или новата Влада ќе ги исплатува субвенциите“, вели Златков.

Субвенциите не ги очекуваат само земјоделците, туку и бизнисмените, велат, тие свежи пари би го заживеале стопанството.

Од СДСМ уверуваат дека новата Влада веднаш ќе стартува со исплата на субвенциите, велат дека тоа е значајна обврска на државата, која мора да се реализира ургентно.

Исплатата на субвенциите за 2016, како и заостанатите долгови за претходните години, согласно законот мора да заврши заклучно со 30 јуни оваа година.


 

телма

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close