вести

Оризопроизводителите против дополнителни субвенции

Дополнителни субвенции од пет денари за килограм предадена оризова арпа се контрапродуктивни за откупната цената на белото злато, тврдат кочанските оризопроизводители. Новата субвенција само им ја намалила откупната цена.

Стојан Ѓеорѓиев кој  произведува ориз на два и пол хектари вели дека нема голем ќар од она што го произведуваат во кочанско поле. Цената на оризот со години е ниска, а која зависи и од светските берзи.

За дополнителната субвенција пријави и потврди доставиле околу 1.000 оризопроизводители. Оваа мерка требаше да ги мотивира да ја предадат арпата во откупните центри, наместо да им стои во амбарите.


 

telma

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close