fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

ОСОГОВО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И ВОДНО СТАНУВААТ ЗАШТИТЕНИ ПРИРОДНИ ПОДРАЧЈА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ НУРЕДИНИ

Дел од Осоговските Планини ќе бидат прогласен за заштитено подрачје во категорија В – заштитен предел, поради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Одлуката, како што објави државната агенција МИА, е донесена на денешната седница на Владата.

Вкупната површина на Заштитен предел – Осоговски Планини изнесува 48807.16 хектари, а ќе управува Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“.

На денешната седница, Владата донела одлука да се прифати предлогот за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природа, како и одлука за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел, со што Министерството за животна средина ќе може да ги започне постапките за прогласување согласно законските процедури.

Нуредни вели дека Владата го разгледала и прифатила апликационото досие (РИС) за номинирање на Охридско Езеро за Рамсар место во Светската Рамсар листа. Рамсарската конвенција е потпишана од 170 земји, а Рамсарската листа брои 2.300 заштитени подрачја од меѓународна важност.

Извор:СДК

Слични написи

Back to top button
Close