fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Останува мерката 400 денари за заклано јагне во регистриран кланичен капацитет

Отворена е и можноста за добивање на финансиска поддршка до 75% за набавка на силоси за зголемување на складишниот капацитет за исхрана на добитокот.

Николовски на средба со Здружението на одгледувачите на овци, ги информираше сточарите за мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.
-Со последните измени во Програмата за директни плаќања ја зголемивме финансиската поддршка од 1000 на 1200 денари по грло овца.
Исто така останува и мерката за 400 денари за заклано јагне во регистриран кланичен капацитет.
Обезбедивме финансиска поддршка од 75% за изградба на мандри на бачилата. Нашето сирење е едно од најквалитетните и ова е одлична можност за сточарите.
Истовремено отворена е и можноста за добивање на финансиска поддршка до 75% за набавка на силоси за зголемување на складишниот капацитет за исхрана на добитокот.
Ги повикуваме сите, максимално да ги искористат мерките за поддршка на секој земјоделец, вели Николовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close