Осумдесет и шест компании ќе добијат вкупно 4,4 милиони евра за иновативни идеи и креативни решенија
Вкупно 4,4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија преку јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој.
Вкупно 4,4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија преку јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој.
– Семејството на ФИТР се зголемува за 86 нови претпријатија и со оваа бројка, портофлиото на ФИТР брои 1.153 кофинансирани проекти кои реализирале, реализираат или ќе започнат со реализација со проекти во вкупна вредност од 130 милиони евра. Ова е јасен показател дека Фондот за иновации и технолошки развој е вистински дом за сите микро, мали и средни претпријатија кои имаат иновативни идеи и креативни решенија и драго ми е што од денеска заеднички започнуваме со ново претприемничко патување за кое сум убеден дека ќе резултира со голем успех, истакна директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Фестим Халили.
ФИТР ќе кофинансира 4,4 милиони евра, а корисниците ќе инвестираат 2,7 милиони евра за реализација на проектите.
Најголем број од претпријатијата кои победија на конкурсот се микро (48 отсто) и мали претпријатија (48 отсто), додека четири отсто се средни претпријатија. Компаниите ќе работат на проекти од информатичката технологија, здравството, технолошката индустрија, земјоделството, угостителството, текстилната индустрија, градежништвото, машинството, образованието, маркетингот, итн.