fbpx
Вести

Пролетен вино фест

Со настап на The Hounds и гостинот од Црна Гора, Бојан Маровиќ, денеска почнува Пролетниот вински фестивал што го организира Веро центарот во Скопје.

Посетителите до 10-ти мај ќе имаат можност да дегустираат сортни македонски вина по промотивни цени и да уживаат во деликатесната храна.

wpid-prva-strana-kraen-1-1.jpg-680x365

Организаторите, како што велат, се погрижија да има музика за сечиј вкус. Најавуваат настапи на Last Expedition, Cross road Blues Band и Backdoor Band во четврток, како и на Бета Хаус, Миле Кузмановски и Жаре Бербер во петок. Во сабота се Летечки пекинезери, Нина Јанева & 2 Exit и маестро Игор Џамбазов, додека последниот ден на фестивалот е резервиран за македонска етно музика со бендот Калевала, но и со нов проект „Каверленд“, чиј вокал е победничката на Макфест, Александра Јанева.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close