Откупен поголемиот дел од произведениот тутун во струмичко

Од планираните два милиона килограми тутун во Струмичко тутунските компании досега откупиле околу 70 отсто.

Доколку откупот продолжи со сегашното темпо се очекува да заврши до средината на јануари идната година, информираат од Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево.

-Најголемиот дел  од предадениот тутун се цени на втора класа, но има и прва и трета. Се надеваме дека ќе ја постигнеме просечната цена од 217 до 220 денари. Имаме горни берби квалитетен тутун и се надеваме да достигне и цена од 215 до 220 денари. Со субвенциите што се 80, 70 и 60 денари можно е да се дојде до некоја сума од 300 денари кај некои производители кои имаат поквалитетен тутун, вели Марјан Трајков од Здруженението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево.

Годинашната реколта на тутун се планираше да изнесува околу 28 милиони клограми на ниво на целата држава, но поради неповолните временски услови тутунарите ќе предадат најмногу 23 милиони килограми тутун.

извор: Сител

Share Button