fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Овој тинејџер е овчар, има 150 овци и не планира да смени професија

Од мали нозе со дедо му одел на бачилото, а денес може да се пофали со своето стадо од 150 овци.

Алмин од Босна во јавноста стана познат како тинејџер кој на 16 години стана свој шеф. Имено, од мали нозе со дедо му одел на бачилото, а денес може да се пофали со своето стадо од 150 овци.

Како што изјави за ТВ Краина, избирал една по една овца, додавајќи дека тоа не било ниту лесно ниту тешко, но дека никогаш нема да го замени своето стадо за друга работа.

Не го интересираат надворешните работи, затоа што подобро е да си газда отколку да работи за странец.

– Не брат, тоа што се зборува, би било тешко и штета сега да го срушам сето тоа. А се исплати со јагниња – вели Алмин објаснувајќи дека во неговиот крај нема други како него. Само постарите се уште се држат за нешто.

Моментално е во втора година средно училиште и учи за водоинсталатер. Признава дека не оди редовно на училиште,само по потреба да заврши тоа што треба. Имал девојка, но таа го оставила, токму поради овците.

Не оди во кафулиња затоа што попрво би дал пари за овци отколку за во кафуле.

Целата приказна за младиот овчар на следниот линк https://faktor.mk/ 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close