fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Пчеларници вклучени во туристичка понуда во Тиквешијата

Туристите официјално го посетија пчеларникот на Наумов во селото Сопот.

Пчеларници од Тиквешијата се вклучени во туристичката понуда на регионот, денеска во кавадаречко дојдоа и првите домашни и странски туристи. Ова попладнево го потврдија за МИА, пчеларите Игор Најдов и Блаже Наумов.

– Туристите официјално го посетија пчеларникот на Наумов во селото Сопот. Имаше гости од Македонија, Франција, Холандија, Англија. Посетата на пчеларникот, со презентација, дегустација и продажба на пчелни производи, практично,  влезе во агендата на туристичките агенции. Според договорите, наскоро ке започне посетата на пчеларници  од странски туристи еднаш неделно, а ке може и наши домашни гости и ученици да не посетат со претходна најава, појаснија пчеларите.

Целта е да се подигне свеста за значењето и местото на пчелите во општеството.

– Ако не се тие, производството на растителната храна би се намалил за 80 проценти, а со самото тоа ке се отклонат и други гранки и би пострадало човештвото. Голема благодарност за искажаната доверба, до Sherpa horse riding Macedonia, главен уредник на овие тури од ваков тип и кој не вклучи во сето ова, ама, веруваме дека и довербата е оправдана. Ние од своја страна, ќе сториме се што е во нашите можности, што подобро да ја претставиме пчеларската работа и важноста на пчеларството воопшто, подвлекоа Најдов и Наумов.

Притоа додаваат дека тиквешкото поднебје дава извонреден мед, за што говорат и бројните награди на домашни и странски натпревари.

МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close