fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Пченицата за неколку години ќе исчезне од Овчеполието!?

Видео

Јачменот годинава ќе даде повисоки приноси од лани, но пченицата ќе потфрли. Земјоделците од овчеполието вината ја гледаат во лошиот семенски материјал и скапото вештачко ѓубре, што поради недостиг на пазарот, го фрлиле предоцна на нивите.

На лош семенски материјал се жалат и оризарите. Тие во најголем дел  користат меркантилно семе што често значи и непостојан квалитет и помали приноси. На недостаток од национални сорти, зависност од увоз, ограничен пристап до семенски материјал, се предупредува и во проектот подржан од ФАО за „Создавање погодна средина за подобрена отпорност на земјоделството на климатските промени“, пишува 24 вести.

„Ограничениот пристап до семенски материјал дополнително ја влошува ефикасноста и одржливоста на земјоделското производство, а со тоа и егзистенцијата на индивидуалните земјоделци во руралните средини. Голем предизвик е производството и сертификацијата на квалитетен семенски материјал од домашни производители“ се вели во извештајот од проектот.

Според експертите државата треба сериозно да работи на зголемување на површините, но и да не ја заборави борбата со климатските промени, што сериозно ги намалуваат приносите секоја година. Посебно во услови кога Македонија е увозно зависна земја, а речиси сите големи производители ги спуштија рампите за извоз на клучните земјоделски производи. https://www.24.mk/details/pchenicata-za-nekolku-godini-kje-ischezne-od-ovchepolieto

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close