fbpx
ВестиСовети

Пифтија: подгответе го традиционалниот специјалитет

Доаѓа времето за вкусот на традиционалниот деликатес. Луѓето или не ја сакаат или ја обожаваат. Ставовите кон неа се различни, движејќи се од омилено до најомразено јадење. За вас кои ја сакате пифтијата, ви нудиме најдобар рецепт за нејзина подготовка.

Оригиналните пифтии, всушност претставуваат сецкано месо во желе од саламура. Во нашата традиција, постои обичај пифтијата да се јаде за Богојавление, односно на 19 јануари. Сепак, големите љубители подготвуваат пифтија уште за Нова година, или едноставно ја вклопуваа во еден од Божиќните обичаи и ја служат како специјалитет за Божиќ.

Но, пифтијата не се подготвува само кај нас. На пример, германците сакаат парчињата месо во пифтијата да им бидат видливи. Кај нас тоа не е толку важно, затоа што пифтиите се сивкасти и матни, затоа што желето се подготвува од вода во која се вари пифтијата.

Во различни краеви пифтијата има различен назив: аспик, пача, или едноставно замрзната супа.

Пифтијата на некој начин и е замрзната супа. Исто така, во оваа замрзната супа, месо има само како назнака, додека главните состојки се нозе, бутки, уши или некои други делови кои во себе имаат доста желатин.

Уште една занимливост во врска со овој традиционален специјалитет е тоа што пифтијата некогаш била јадење за сиромашните. Се подготвувала исклучиво од најевтините состојки и ја јаделе само сиромашните. Со тек на време, пифтијата прераснала во еден од најпознатите специјалитети.

Специјалитет за секоја прослава

Пифтиите се омилено јадење на славите и одбележувањето на христијанските празници, но и за секоја друга свеченост. Доколку ги земеме предвид, поводите за кои се подготвуваат пифтиите, слободно можеме да кажеме дека пифтиите се еден од свечените специјалитети. Обично се служат како предјадење.

Во различни краеви, пифтиите се подготвуваат различно. Секако, начинот на подготовка зависи и од вкусот. Доколку не сте љубители на јак вкус, кој останува после варење на бут и нозе, во пифтијата ќе ставите повеќе месо. Љубителите на појак вкус, во пифтијата ставаат исклучиво делови од свињи кои содржат доста желатин. Силниот вкус може да се неутрализира со додавање на зелено, поради кое ќе мириса баш како супа.

Во некои делови од Србија, во чинијата во која се турва пифтијата, задолжително се става варен морков и варено јајце.

Искусните домакинки, велат дека за добра пифтија најважно е месото со коска повеќе време  пред варењето да се потопи во вода и да се вари доволно долго, се додека месото не се оддели од коските.

Рецепт за пифтија

Основниот рецепт за пифтија, всушност е потполно едноставен. Можете да го менувате и дополнувате како што сакате, со она што ви е по вкус.

Потребни состојки:

  • Килограм свински нозе (можете да ги измешате со бут или нешто друго)
  • 2 главици лук ( можете да ставите и помалку ако не сакате ова да биде доминантен мирис)
  • Сол
  • Зачин по вкус
  • бибер

На сите овие состојки, доколку сакате можете да им додадете ловоров лист или магдонос, со цел пифтијата да поприми мирис.

Пред варењето, свинските нозе, мора добро да ги исчистите и измиете. Ставете ги во длабока шерпа, а преку нив насипете сол и зачин, ловоров лист или магдонос, бибер и лук. Доколку не сакате мирисот на  лук да биде прејак, можете да го додадете и дополнително, во текот на турвањето на пифтијата во чиниите.

Преку се ова налејте доста вода (околу три литри, а може и повеќе, затоа што водата во текот на варењето не се додава дополнително). Пифтиите се варат доста долго, околу 3 до 4 часа во зависност од месото, се додека месото не се оддели од коските, а во шерпата не остане многу малку вода.

Доколку белиот лук веќе не сте го додале, во чиниите во кои ќе ја турите пифтијата ставете по едно чешне бел лук. Со цел што подобро да пушти арома, исецкајте го на ситни делови. Ситно мора да го исецкате и свареното месо. Во чиниите, најпрво убаво распоредете го месото, а потоа налејте ја преостанатата заматена течност во која се варело месото. Оставете ја пифтијата да се излади, а потоа ставете ја во фрижидер, со цел што подобро да се стегне. Можете да ја разлеете и во една голема тепсија, а отткако ќе се стегне да ја исечете на коцки и така да ја послужите. Можете да напрскате со пипер.

Пифтиите ќе имаат најдобар шмек доколку ги подготвуваме од чадено месо.

Дополнителен совет: Доколку не сакате на површината од пифтијата да излезе премногу маснотија, пред турвањето во чиниите, можете од лонецот во кој се варела пифтијата од врвот да ја соберете маснотијата.

Пифтиите пред служењето мора да бидат потполно цврсти. Не очекувајте дека ќе бидат проѕирни. Заматеноста на пифтијата е потполно нормална.

Ова се традиционални пифтии. Но, тие можат да бидат и посни и да се подготвуваат со зеленчук. Поради недостаток од месо, во ваквите пифтии ќе мора да додадете желатин.

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close