fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Пиперките ќе поскапат, а ајварот ќе стане ексклузивен деликатес

Поради сушата годинава значително е намален родот на зеленчукот

Високите температури, сушата и генерално лошите временски услови ја намалија бербата на овошје и зеленчук, па наместо во овој период од годината да паѓаат цените на пазарите, тие ќе бидат уште повисоки, објави Данас.

Зоран Кесеровиќ, професор на Земјоделскиот факултет во Нови Сад, за агенцијата Бета изјави дека родот на овошје во Србија годинава ќе биде за пет до осум отсто помал од лани. Кесеровиќ изјави дека доколку Србија просечно произведе околу 1,45 милиони тони овошје, годинашниот принос ќе биде меѓу 1,22 и 1,25 милиони тони.

Поради сушата годинава значително е намален родот на зеленчукот, чија цена исто така ќе се зголеми. Ова особено ги загрижува потрошувачите пред претстојната сезона на изработка на зимницата.

„Тоа може да предизвика привремено зголемување на цените. Но, годинава, поради помалите приноси, цените на зимницата најверојатно ќе бидат повисоки од претходните години. Последиците од сушата веќе се гледаат на нашите пазари, бидејќи плодовите имаат многу изгореници од сонце и имаме поголема понуда на класи со послаб квалитет“, велат експертите.

Според него, квалитетот на годинашното овошје и зеленчук во голема мера зависел од регионот и видот на културата. „Во сушните области, овошјето е често помало и помалку сочно, додека зеленчукот може да биде потврд и помалку вкусен. Сепак, во регионите каде што земјоделците имаа можност за наводнување, квалитетот остана на задоволително ниво. Се предвидува дека само поради климатските промени, односно зголемувањето на температурите и сушите, цените на храната ќе се зголемат за еден до три отсто во следните 10 години, предупредуваат експертите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close