fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

За посевите ќе биде идеално ако наврнат уште 20 литри дожд

Според агрономот Иван Зафировски од Битола, ако во претстојниот период наврнат уште 20 литри дожд на метар квадратен ќе биде идеално.

Во Македонија деновиве имаме врнежливо време, а според синоптичарите и во следните денови ќе имаме врнежи.

Според агрономот Иван Зафировски од Битола, ако во претстојниот период наврнат уште 20 литри дожд  на метар квадратен ќе биде идеално. Вели дека од есенската сеидба само 30 отсто од посеаните житарици се никнати и овие врнежи се повеќе од добредојдени, затоа што имавме долг и сушен период. Практично три месеци во земјава имаше сушен период.

„Секако дека овој дожд позитивно ќе влијае на житните култури, бидејќи не падна капка и немаше влага во почвата. Ќе биде добро за цела Македонија тоа што врне дожд, а во Пелагонија уште 400 мм дожд ќе бидат доволни. Наврнаа некаде околу 30 литри досега, и уште 20 литри ќе бидат сосема доволни за да овој месец декември го завршиме со 50 литри наврнат дожд. Дождот е потребен за лозјата, но и за сите пролетни културни, затоа што ќе треба да се изврши физичко хемиска подготовка на почвата“, објаснува Зафировски.

Додава дека оваа година имавме многу сушен месец ноември, што не било случај претходните години.

„Септември обично е месец со 20 до 30 литри дожд, а ноември е делумно слушен и делумно влажен, но оваа година врнежи немаше. Според моја проценка добро е да продолжи овој влажен период, дури и ако нема снег засега или ако тој падне при крајот на декември или по Нова година“, рече тој.

Деновиве најмногу дожд наврна во Пожаране, Дебар, Тетово, и Охрид, односно од 8 до 10 литри дожд за само едно деноноќие, а во другите краеви количините на дожд беа помали.

Ноември годинава е најтоплиот месец досега забележан на нашата планета, а во Европа е евидентирана најтоплата есен. Тоа се алармантните податоци од извештајот на Службата за климатски промени на Европската унија Коперникус. Без оглед на температурите кои ќе бидат измерени до крајот на годинава, оваа деценија ќе биде забележана како најтоплата досега. Шесте најтопли години откога постои мерење се забележани од 2015 година досега.

https://faktor.mk/so-denovi-vrne-za-posevite-kje-bide-idealno-ako-navrnat-ushte-20-litri-dozd-na-kvadrat

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close