fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Игор Мирчески -Помина времето кога со празни предизборни ветувања можеше да се манипулира со земјоделците

Тутунарите по средбата со Мицкоски велат дека само чесен и искрен пристап од политичарите може да резултира со поддршка од земјоделците

Помина времето кога со празни предизборни ветувања можеше да се манипулира со земјоделците и да се очекува нивна поддршка. Само чесен и искрен пристап од страна на политичарите може да резултира со поддршка од земјоделците, ова е меѓудругото само еден од заклучоците од средбата на тутунарите од Прилепско со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Денес на барање на сите новоформирани здруженија кои произлегоа од Иницијативниот одбор одржана е средба со лидерот на опозицијата и председател на ВМРО ДПМНЕ господинот Христијан Мицкоски, кој дојде во Прилеп во присуство на најтесното раководство на партијата како на централно така и на локално ниво. На средбата присуствуваа и прилепските пратеници од опозициската партија. Целта на оваа средба беше да се изнесат проблемите на тутунарите кои ги имаа во изминатата реколта за време на откупот, како и со проблемите со кои тутунарите се соочуваат и на почетокот на новата реколта.

Неисплатени субвенции, неисплатена ковид мерка и намалени договорни количини по договори. Се отвори дебата и се посочија критичните точки кои доведоа до една ваква погубна реколта за тутунарите, пред се акцент се стави на членот од Законот за тутун со кој се дозволува увоз на необработен суров тутун во лист. Исто така го пренесовме ставот на тутунарите во однос на Законот за продажба на државното земјоделско земјиште каде категорично земјоделците се против и е побарано да се искористат сите средства кои стојат на располагање да се блокира овој закон кој не е во наш интерес.

И накрај, на барање на огромен број на тутунари побаравме да слушниме како и на кој начин ВМРО ДПМНЕ како партија која има намера да биде власт во државата планира да ги реши овие проблеми во тутунопроизводството, но и целокупниот земјоделски сектор. Како здруженија потенциравме дека не секоја партија има храброст да се среќава со земјоделците и да ги слуша нивните проблеми и треба тоа да преставува и чест за нив што се сретнале со највредната, најчесната, најизмачената категорија на луѓе кои ја хранат нацијата и се едни од ‘полначите’ на Буџетот во државата. Како бројно сериозна група земјоделците треба да бидат на врвот на  приоритет за секоја партија која има намера да практицира власт во државата.

На крај општ заклучок од двете страни е тоа дека помина времето каде со празни предизборни ветувања можеше да се манипулира со земјоделците и да се очекува нивна поддршка. Само чесен и искрен пристап, со реални и издржани програми во насока на решавање на огромниот број на проблеми со кои се соочуваме како сектор, може да предизвикаат интерес за поддршка, во секој друг случај каде ќе има обид за наша манипулација ќе бидат казнети од наша страна, стои во реакцијата на Игор Мирчески, координатор на новоформираните здруженија на тутунари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close