вести

Побарувачката на пченица расте, цената останува иста

Цената на лебното жито и храната за добитокот остануваат ниски, иако побарувачката расте. На пазарот се чувствува недостаток од домашна пченица и јачмен, но откупувачите не нудат повисоки цени.

– Побарувачка има, ама цената е таа, 10-11 денари, се уште. Толку е и за пченицата 10-11 денари. Таа е ниска цена, меѓутоа тоа  е тоа-изјави ГОЦЕ СЕРАФИМОВ, ЗЕМЈОДЕЛЦ

Неповолните климатски услови во текот на есенскиот период ќе се рефлектираат и на годинашната реколта. Огромни површини со житни култури останаа не засеани.

– Намалени се површините, засеано е околу 70 %, додаде Серафимов

Почвата е сува поради минималните количини на врнежи во изминатиот период, а ниските температури ја стопираа вегетацијата.

– Тоа што е насеано стои не никнато, како и тоа што е насеано пред еден месец. За да никне треба да има температура преку 10 до 13 степени. Значи она што е засеано пред месец дена и сега, ќе никне во исто време-изјави Серафимов

На земјоделците единствена опција им е сеење на пролетен јачмен кој според досегашното искуство се покажал како по нерентабилен, што ќе значи и намалени приноси.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close