Почна есента: Првиот ден ќе донесе облачно време со локален слаб дожд
Во текот на викендот, пак, се очекува пораст на дневните температури, меѓутоа тоа нема да трае долго бидејќи веќе од вторник се очекува дестабилизирање на времето со поројни дождови и грмежи на некои места
Утрово во 3:03 часот официјално на северната хемисфера на Земјата започна есента, додека на јужната, пристигна пролетта. Есента ќе трае до 21 декември кога во 12:07 часот ќе започне зимата.
Првиот ден од ова годишно време започна со студено утро, а во текот на денот во земјава се најавува променливо облачно време со локален слаб дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје, пак, според најавите, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Минималната температура во државата ќе се движи од 1 до 10 степени, а максималната од 14 до 22, додека во главниот глас таа ќе се спушти до 5, а најмногу ќе достигне 20 степени.
Во текот на викендов утрата исто така ќе бидат студени, но се очекува дневната температурата да биде во пораст.
Според прогнозата, стабилизирањето на времето нема да трае долго и од вторник се најавува дестабилизирање со локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и пропратени со грмежи. Ќе дува засилен јужен ветер.