fbpx
ВестиТоп вести

Проблематична година за пчеларите

Пчеларите загрижени од временските услови во пролетниот период кога пчелните друштва тргнаа да се развиваат па имаат проблеми со студените денови и ниските ноќни температури.  Во изминатиов период кога имаше топли денови собраа пчелите нешто полен но веќе и храна нема. Тоа што им беа резерви од храна ја дотрошуваат и треба да се посвети внимание и на тоа советуваат искусните пчелари. Силните пчелни семејства се доста развиени и нормално е дека трошат многу храна и затоа секој пчелар треба да посвети многу внимание во овој период најмногу на силните друштва кои и се на удар најмногу да страдаат од временската состојбата зошто повеќе трошат и повеќе легло имаат. Сепак пчеларите сметаат дека е рано за некоја оценка каква ќе биде годината дали ќе има доволно мед.

-Ние секогаш со надеж живееме и очекуваме да поминат овие лоши временски услови и ќе дојде нешто подобро. Има време месец Мај е пред нас а и летото е важно какво ќе биде. Овие дождови се добре дојдени  да се поправат состојбите од сушата која беше претходно вели Менде Трајковски претседател на сојузот на пчеларски здруженија.

Но не само проблематичната пролет пчеларите имаа проблеми и во текот на зимата каде во некои региони беше забележана смртност од 50 па до 60% што е загрижувачки ако се знае фактот дека 10 до 15% е некој прифатлив процент на смртност при зазимувањето.

-На ниво на подсекторската група во министерството заедно со професорите од факултетот за ветеринарна медицина и факултетот за земјоделски науки и храна разговаравме за овој проблем, но жално е што самите пчелари се обидуваат ваквите појави да ги прикријат како податок или пак самите се справуваат како знаат и умеат и едноставно не сакаат да дојде оваа информација до јавноста, но тоа не решението, вели Трајковски.

Сојузот апелира таквите состојби да ги пријавуваат преку матичните ветеринари и да ја почнат постапката за да се направи лабораториски анализа да се види која е точно причината за таа смртност и само така ќе може да се знае проблемот од што е настанат и кои мерки да се преземат. Од ветеринарниот факултет потврдуваат дека годинава само 7 мостри биле испратени за анализа од целата земја што е многу малку. Причина не се финансиите бидејќи една анализа чини 300 денари што не е некое големо финансиско оптоварување.

Светот и Европа се загрижени за синдромот на празна кошница. Се преземаат мерки за забрани за пестициди кои се опасни за пчелите а од друга страна заради климатските промени се поместуваат границите од југ кон север на опасните болести и појавата на инсекти кои сме ги немале а кои се штетни за пчелините друштва.

-Ние доста дискутираме на ниво на пчеларски сојуз на средбите кои ги имаме за едукација и начините како да се адаптираме на новите услови во кои се наоѓаме. Размислуваме како мерки кои треба да ги преземе да бидат засадувањата на нови растенија како што е фацелијата и упорно настојуваме преку министерството за земјоделство пошумувањето да биде со багрем зошто тој е едно општо корисно повеќенаменско дрво. Големи апели упатуваме и до овоштарите за користењето на заштитните средства односно пестицидите меѓу кои има нештетни и кои не се многу поскапи но се работи за стари навики кај овоштарите. Можеби траба министерството сите да не обедини и заедно да размислуваме и да разговараме да не се уништи пчелата од која најголемата придобивка преку опрашувањето ја имаат земјоделците рече Менде Трајковски претседател на сојуз на пчеларски здруженија.

На 20 мај е светскиот ден на пчеларството. На градскиот плоштад во Скопје ќе се одбележи свечено овој ден. За посетителите ќе има неколку штандови со пчелни производи а ќе има и трибина на отворено со сите релевантни учесници во системот од министерството, научните институции, пчеларите и сите граѓани кои ќе присуствуваат.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close