Почна циклусот работилници за повисока свест за окрупнување на земјоделското земјиште

fao

Во Гостивар денеска се одржува првата од предвидените четири регионални работилници за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште што ги организира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) со поддршка на проектот MAINLAND финансиран од ЕУ кој го споведува ФАО.

Таргет на работилниците се земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште, а целта е да се зголеми локалната свест и разбирањето на придобивките од окрупнувањето на парцелите.

Присуствуваат претставници на локалните земјоделски организации, села и општини, како и други важни локални партнери од полошкиот, скопскиот и југозападниот регион. Тие ќе се информираат за принципите и постапките за консолидација на земјоделското земјиште, во согласност со соодветниот закон и во насока на спроведување на Националната стратегија за консолидација на земјиште 2012-2020 година, за претстојната селекција на најпогодни области за консолидација на земјиште и како да изразат интерес за новите консолидациски проекти во наредните неколку недели.

Работилници ќе се организираат уште во Битола, Струмица и Штип. Потоа, проектниот тим, заедно со претставници на МЗШВ и Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството (АПРЗ), ќе спроведе локални информативни состаноци во целните села за да им помогне на потенцијалните кандидати да аплицираат како корисници на проекти за консолидација на земјиштето. Овие активности имаат за цел да помогнат во изборот на проектни области со најголем потенцијал и интерес за консолидација кој се очекува да се случи до крајот на декември 2017 година.

Изминатите две недели, сектори и подрачни единици на МЗШВ, како и советници од АПРЗ беа обучени како да ги идентификуваат и селектираат најпогодните области за консолидација на земјоделско земјиште и како да работат заедно со земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште при изразување интерес за консолидација.


 

а1он

Share Button