fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер

Денес повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15л/м2) во форма на невреме , проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

Променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15 л/м2) и во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер.

Можно е да е слика од мапа и текст кој вели „Времето утре 12.03.2025 Град Тмин. Тмакс. Ckonje 23 Тетово 8 7 Маврово 20 6 8 Охрид Битола 13 17 Kp. Паланка 6 Ckonje 21 7 Тетово 20 Прилеп Кр.Паланка Св. Николе 6 Св. Николе 19 7 Штип Маврово 20 8 3 21 17 Берово Штип 10 Берово Д.Капита Струмица Гевгелииа 21 8 9 Д. Kanuja хрид Прилеп 20 22 Струмица Бигола Гевгелига“

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни (над 15 л/м2), во форма на невреме проследени со појава на грмежи и силен јужен ветер (над 60 км/ч). Поинтензивни процеси ќе има утре во вечерните часови во текот на ноќта и во четврток претпладне. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок. Во сабота локално, а во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (7 до 10 степени).

Можно е да е слика од текст кој вели „Ден четврток (13.03) петок (14.03) Време сабота (15.03) недела (16.03) Ветер понеделник (17.03) 5 До 11 MuH.meM. (°C) Мак.тем. (°C) 2 до 8 17 дО 24 4 до 10 19 до 26 3 до 9 20 дО 28 4 дО 9 17 ДО 24 14 до 21“

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close