fbpx
Вести

Почнува кампања за осигурување на земјоделските имоти

Во над илјада села во Македонија, ќе започне презентирање на новиот вид на земјоделско осигурување. Носител на кампањата е Агенцијата за поттикнување развој на земјоделското производство, во соработка со осигурителните компании.

pochnuva kampanja za osiguruvanje na zemjodelskite imoti

 

За неколку дена во над илјада села во Македонија, ќе започне  презентирање на новиот вид  на земјодњлско осигурување . Носители на  оваа кампања ќе бидат претставниците на Агенцијата за поттикнување развојот на земјоделското производство , во соработка со осигурителните компании што ќе издаваат полиси за земјоделско осигурување.

-Земјоделското осигурување е приоритет во аграрната политика во Државата и токму од тие причини Владата на Република Македонија, одлучи со 60 проценти да учествува со кофинансирање на секоја земјоделска полиса. Земјоделците треба да се навикнат да ги осигуруваат своите имоти и своите површини, со цел,  да немаме неприлики како што беше градобитноста во Ресен претходната година ,каде што Државата мораше да одвои 2 милиони евра средства за обештетување, или 25 милиони евра за поплавите што се случија во Новаци, Могила и Босилово- рече Игор Златков, директор на АПРЗ.
Осигурителните брокери со овие поволности, очекуваат зголемен  број на земјоделските полиси.
-Досегашните искуства покажуваат дека земјоделците не беа многу заинтересирани за осигурување на своите посеви. Очекуваме зголемување бројот на полисите за осигурување поради поволностите што ги добиваат од Државата. Ризиците за осигурување се од пожар, гром, град, поплава, пролетен мраз и други  дополнителни ризици- рече Ана Секуловска, брокер по осигурување од Битола.
Според сегашните статистики, за разлика од светските искуства каде што нема фирма без осигурителна полиса, кај нас  од 170. 000 регистрирани земјоделски стопанства, само  4. 600 ги осигурале своите производствени  капацитети.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close