fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Порано имавме пари за 20 тегли ајвар, сега само за 5-6, а некој ни за толку!

Граѓаните велат дека годинава ретко кој ќе може да си дозволи да прави домашен ајвар, бидејќи освен зејтинот кој е 150 денари литар, и дрвата се поскапени и се движат од 4.000 до 4.500 денари за кубен метар. Некои од домаќинките кои, сепак, не сакаат да се откажат од оваа традиција, велат дека ќе направат помала количина, односно ако досега правеле по 20, сега ќе направат само 5-6 тегли, а некој ни толку

Започна откупот на ајварката во Струмичко. И покрај тоа што се откупуваат мали количини, кои претежно се наменети за свежа консумација и за извоз во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина… цената е висока. Граѓаните велат дека годинава ретко кој ќе може да си дозволи да прави домашен ајвар, бидејќи, освен зејтинот кој е 150 денари литар, и дрвата се поскапени и се движат од 4.000 до 4.500 денари за кубен метар. Некои од домаќинките кои, сепак, не сакаат да се откажат од оваа традиција, велат дека ќе направат помала количина, односно ако досега правеле по 20, сега ќе направат само 5-6 тегли, а некој ни толку.https://www.vecer.press/

– Со овие цени, не можеме да правиме како порано по 20-30 тегли ајвар, но ќе направиме 5-6 тегли, за толку имаме пари. Лани, за приготвување една тегла ајвар, беа потребни 170 денари, а сега ќе ни треба дупло. Килограм ајварски пиперки чинеше 50, а зејтинот 70 денари. Сега зејтинот е 150 денари литар, а и дрвата се поскапени – вели една домаќинка.

И останатите граѓани се согласуваат дека со оглед на поскапувањата, ако порано имале пари за 20 тегли ајвар, сега имаат само за 5-6, толку им дозволува стандардот. Некои, пак велат дека ајварот годинава е луксуз и не можат да си го доволат.

Се очекува откупот да се интензивира наредната недела, но според производителите, годинава ќе има значително помали количини од лани. Велат дека родот годинава ќе биде со одличен квалитет, а откупните цени ќе останат приближно како лани и ќе се движат од 20 до 25 денари за килограм. И покрај ниската откупна цена, сепак, на зелените пазари ајварката се продава за 40 до 45 денари, а во маркетите таа стигнува и до 100 денари за килограм.

Според производителите, се работи за прва класа ајварка, која претежно е наменета за консумна употреба и чија откупна цена е висока и се движи над 40 денари за килограм.

– Откупот почна, но засега се откупуваат само мали количини, кои се наменети за свежа консумација или за извоз, а откупот ќе се интензивира за десетина дена. Ајварката претежно се извезува во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, а во помали количини ја има и на европските пазари. Паралелно со откупот и со пласманот на ајварката, која се пласира на пазарите на мало, се врши откуп и на индустриската пиперка – изјави за ВЕЧЕР Ристо Велков, претседател на Синдикатот на земјоделците од Струмица.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close