Агро бизнисБез категоријаВести
Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија
За 3,8 насто поскапеле цените на поштенските и курирските услуги во првото тромесечје од годинава, во споредба во истиот период минатата година
Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија. Статистика го регистрира поскапувањето.
– За 3,8 насто поскапеле цените на поштенските и курирските услуги во првото тромесечје од годинава, во споредба во истиот период минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од годинава, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво во однос на 2023 година. Цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат намалување од 0,1 отсто.