fbpx
Вести

Поскапување на овошјето и зеленчукот ќе предизвика воведувањето персоналец за сите земјоделци

Доматите, пиперките, грозјето, јаболката и другите земјоделски производи ќе поскапат  ако се воведе персоналец за сите земјоделци, велат производителите. Со мерката директно ќе бидат погодени производителите и граѓаните. Ќар ќе имаат откупувачите и трговците, велат од ФФРМ.

Мерката ќе ја стимулира и сивата економија во секторт. Ќе се зголеми бројот на дивите препродавачи, а ќе се бараат и алтернативи како да се избеге плаќањето на данокот.

Реагираа и од федеарицијата на фармери. За нив измените на законот за персоналецот се направени на брзина без да се консултираат засегнатите страни.

Негативно ќе се одразат врз сите, а најпогодени ќе бидат најмалите и најсиромашните производители. Плаќањето на данок од страна на откупувачите во име на земјоделците отвара простор за манипулација при пресметка на откупната цена на земјоделските производи која и сега е помала од произведената, се вели во дописот од федерацијата на фармери.

Со измените во законот за персонален данок, се предвидува сите земјоделци  да плаќаат персоналец. Досега оние со приход до 5000 евра беа ослободени . Сега со измената на законот, од заработката ќе плаќаат данок од 2 проценти.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close