fbpx
ВестиМакедонија

РЕК Битола ги испорачува потребните количини електрична енергија

Електроенергетскиот систем на земјата е стабилен и освен РЕК Битола, потребните количини струја се произведуваат и од РЕК Осломеј, хидроцентралите и ветерниот парк.

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола во моментов работи согласно потребите на електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Комбинатот ги испорачува потребните количини електрична енергија, согласно планот за производство на АД ЕСМ и барањата на универзалниот снабдувач, стои во реакцијата на АД ЕСМ.

Проблеми во производството имало и ќе има, особено заради фактот што РЕК Битола со години наназад бил запоставуван и неревитализиран. Голем број од фирмите, пак, кои денес извршуваат различни услуги го комбинатот, меѓу кои и ремонтни активности на блоковите, изведувале зафати и во минатото, заради својата специфична стручност.

Електроенергетскиот систем на земјата е стабилен и освен РЕК Битола, потребните количини струја се произведуваат и од РЕК Осломеј, хидроцентралите и ветерниот парк.

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола во повеќе наврати апелира до политичките партии да не го инволвираат во дневно – политичките пресметки. Апелираме и сега, ситните поени да се “ловат” на друго место, а не во столбот на електроенергетскито систем на Република Северна Македонија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close