Потенцијалот на македонските вина претставен пред евро пратениците

(Oвој напис е објавен на: April 18, 2019)

 

 

 

Претставници на Здружението „Вина од Македонија“ пред Комисијата за земјоделство на Европскиот парламент ги презентираа состојбите и плановите за унапредување на винската индустрија во регионот, со цел успешна интеграција во глобалната и европската економија.На Конференцијата за вино  што се  одржа во Стразбур на  16 април 2019 год. Здружението „Вина од Македонија“ се претстави како успешен пример на асоцијација од Југоисточна Европа.

 

 

-Оваа конференција беше одлична можност да се слушнат фактите за производството на вино, моменталните трендови и навиките на потрошувачите во Европската Унија.  Од друга страна имавме можност да ги истакнеме потенцијалите на македонската винска индустрија. Ја искористивме посетата на Стразбур за да побараме поддршка од присутните евро парламентарци околу користењето на името на винскиот регион Македонија и координација на сите поврзани правни и стручни аспекти околу ова прашање во наредниот период, изјави Елена Младеновска – Јеленковиќ, извршен директор на здружението „Вина од Македонија“.

 

-На оваа конференција, пред евро пратениците ја предложивме иницијативата за балканска платформа за заедничка промоција на вината од регионот и развој на винскиот туризам, како активност за која очекуваме поддршка во процесот на приклучување кон ЕУ– додава  Елена Младеновска – Јеленковиќ.

Во рамки на конференцијата беше организирана и студиска посета на вински подрачја во Франција и Германија, како и дегустација на вината од земјите учеснички од Југоисточна Европа.

 

 

Share Button