fbpx
Вести

Потрошувачите гневни -намалена грамажата на слатките, а ги плаќаат по истата цена

cokolado

Според Националната канцеларија за статистика во Велика Британија овој тренд е актуелен од пред неколку години. Според нив повеќе од 2.500 артикли за домаќинство денес се со помало пакување отколку во 2012 година, но со иста цена како и претходно.

Продолжува трендот во земјите од Европската унија на намалување на граматата на прехранбените производи кои што се продаваат за иста цена.

Британските медиуми деновиве пишуваат дека дека токму намалувањето на грамажата на прехранбени производи во Велика Британија најмногу ги погоди љубителите на чоколади, бонбони, но и други видови на слатки.

Тие посочуваат дека намалената грамажа поособено ги погодила љубителите на чоколади Тоблероне, Марс и чоколадните бомбони Малтезерс.

Националната канцеларија за статистика во Велика Британија овој тренд е актуелен од пред неколку години. Според нив повеќе од 2.500 артикли за домаќинство денес се со помало пакување отколку во 2012 година, но со иста цена како и претходно.

Анализите покажуваат дека официјално измерената инфлација во Британија забележлива конкретно кај шеќерот, џемовите, овошните сирупи, чоколадите и кондиторските производи при што слатките придонеле за раст на стапката на инфлација за 1,22 отсто од 2012 година.

Исто така Британската статистика објавила и извештај за трендови во прехранбената индустрија и меѓу другите производители. Статистичарите согледале дека потрошувачите им нудат помалку, но за иста цена како одговор на се повисоките трошоци за суровини.

Овие состојби допринесоа во март лани во Британија да се започне кампања за воведување на данок на шеќер.

За ова нема само допринос статистиката туку и стручните медицински лица кои што сакаат да го намалат внесот на шеќери во човечкото тело.

Тие укажуваат дека во една просечна конзерва на газиран британски пијалак има повеќе шеќер отколку што се препорачува како дневен внес. Токму затоа во план е во Велика Британија да се воведе данок на зашеќерени пијалаци. Британија со овој чекор го следи примерот на Белгија, Франција, Мексико и Унгарија кои со ваква мерка се борат против дебелеењето.

Здравствениот систем троши милијарди фунти на санирање на последиците од дебелеењето. Затоа властите сакаат за 4 години да го намалат шеќерот во производите кои се популарни меѓу децата за 20%.

Анализите пак на ресорното министерство покажале деак со оваа мерка не само што ќе се бори државата против дебелина, туку и државната каса за една година ќе се наполни за 510 милиони фунти, кои пак ќе бидат инвестирани во промовирање на спортски активности во основните училишта.

Индустријата за безалкохолни пијалоци стравува дека тоа може да го загори нивното работење, бидејќи искуството во некои други земји го потврдува тоа. Така во Мексико, со сличен данок намалена е продажбата на пијалаци за 12 отсто, а во Унгарија намалена е количината на шеќер во пијалаците за 40 отсто.

Данокот се однесува на пијалоци кои имаат повеќе од 5 грама шеќер на 100 милилитри, а поголем данок ќе има за оние сокови кои содржат повеќе шеќер.

И Македонија иако не е дел од ЕУ сепак се соо:ува со слични проблеми. Се повеќе расте бројот на дебели лица во земјава, затоа лекарите препорачуваат намалување на тежината со промена на начинот на исхрана неопходна, особено да се избегнуваат сокови богати со шеќер, слатки и чоколади.

И во нашата земја изминативе години се забележува трендот чоколадите да се продаваат по 80 или 90 грама наместо сто грама, иако цената останува иста. Слично е и со пакувањето на шеќерот кој во последно време многу ретко е од еден килограм, најчесто 900 или 800 грама.

 

Многу држави не само во Европа, туку и во светот проблемот со дебелината го решаваат со воведување данок за јавно здравје, тоа значи зголемување на цените на храната и пијалоците кои доведуваат до зголемување на тежината кај децата. И кај нас имаше ваква иницијатива, но досега ваков данок не е воведен.


 

вечер

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close