fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Повозрасна кавадарчанка крадела грозје во село Возарци

Набрала повеќе вреќи, и не се знае дали ја сторила кражбата на грозје со цел од него да прави ракија, или пак да го продаде.

Кавадарчанка на возраст од 60 години вчера била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, откако околу 18.50 часот била затекната при извршување на кражба.

Од СВР Велес за „Фокус“ откриваат дека жената била затекната при извршување на кражба на имот на правно лице од Кавадарци, во атар на село Возарци.

– Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ј.Т. била задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – истакнаа од СВР Велес.

Она кое е интересно во случајот, а како што дознава „Фокус“ од свои извори, жената крадела грозје. Таа набрала повеќе вреќи, и не се знае дали ја сторила кражбата на грозје со цел од него да прави ракија, или пак да го продаде.

Инаку, во Тиквешијата лозарите мака мачат со цените на грозјето кое годинава изнесува 14,5 денари за килограм смедеревка и 17 денари за килограм вранец. Токму поради ниските откупни цени лозарите најавија протест утре со почеток од 10 часот на регионалниот пат Неготино – Кавадарци.https://fokus.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close