ВестиТоп вести

Падна градежен кран на градилиште во поранешната касарна во Битола

Настанот се случил околу 14 часот, СВР Битола потврди дека паднал кран, но чекаме подетални информации. 

Градежен кран паднал над објект во поранешната касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија е срушен врз објектот во градба. Во СВР Битола  е пријавено дека има повредени лица, a од Битолската болница велат дека нема пријавено повредени.

Настанот се случил околу 14 часот, СВР Битола потврди дека паднал кран, но чекаме подетални информации.

АБ. Фото АПЛА

Поврзани новости

Back to top button