вести

Правилна заштита на овошките за подготовка за студените денови

Земјоделците се затечени поради климатските промени, а одредени фази во развојот на овошките не се како порано. Климатските процеси се долготрајни, а ние сме врзани за нив како човечки фактор, објаснува Ванчо Стојановски, член на Земјоделската задруга за Охрид и Дебрца.

pravilna zashtita na ovoshkite za podgotovka za studenite denovi
Оваа година имаше проблеми со овошјето со коска, како цреша, праска, вишна, кајсија, кои се најчувствителни на нагли временски промени. И овошките зимуваат, а третманот после високите летни температури треба да биде исто така во консултација со стручни лица или искусни земјоделци.

– Во еден дел од нашиот регион, кај насадите со црешата оваа година имаше проблеми, доста оштетени и исушени стебла. Тоа е поради недоволна и неправилна заштита во есенскиот период со бакарни препарати. Тие се препорачливи посебно кога ќе опадне листот, бидејќи може да се претпостави дека ќе има блага зима и скоро сите болести и бактерии ќе преживеат. Напролет кога ќе почне растението да вегетира, тогаш ќе се почувствуваат симптомите, а болеста преку зимата веќе била активна. Препорака е да не се пропуштаат есенските третмани, кои се релативно ефтини и не се толку штетни, а се со бакарни препарати. Апсолутно превентивните мерки треба да се преземат, препорачува Стојановски.

Им се препорачува на производителите на овошје и градинарски производи, да ги пратат редовно временските прилики и прогнози. Доколку се добие стручна помош, може да се делува на производството.

– Во зима земјоделците се соочуваат и тоа како со доста проблеми. Во Охридскиот регион овоштарите претежно, но и другите производители, беа некако збунети, затекнати и не можеа да се снајдат во кој период со кои средства да ги третираат културите. Порано се занимавав со пластеничко производство, па имам искуство со тоа, конкретно расадот на пиперот почна да доаѓа петнаесетина дена порано за пресадување и тоа на отворен простор. Сите производители се жалеа на семенскиот материјал, велеа дека не е добар пиперот. Земјоделците не смеат да го „форсираат“ производството, туку да го регулираат према временските прилики,  дополнува Стојановски.

Стојановски укажува на најдрастичните промени кои ќе ги почувствуваат дел од Италија, дел од Грција и дел од Македонија – Повардарието и Валандовскиот регион. За овој регион стручњаците предвидуваат дека одредени градинарски производи за неколку години, повеќе нема да можат да се одгледуваат.

Медитеранската клима се населува кон Скандинавија, а кон Медитеранот доаѓа субсахарска клима. Светските експерти даваат шанси до 2025 година „светот да се освести“ во однос на загадувањето и деградацијата на животната средина.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close