fbpx
ВестиТоп вести

АД ЕСМ се вклучи во акциите за дезинфекција на станбени објекти и институции на територијата на државата

-Освен општествената, сакаме да ја потврдиме и личната одговорност кон заедницата. Затоа е потребно сите заедно, посветено и одговорно да се справиме со коронавирусот, истакна Васко Ковачевски генерален директор на АД ЕСМ.

АД ЕСМ со свои тимови се вклучи во акциите за дезинфекција на станбени објекти за колективно домување и институции на територијата на Република Северна Македонија. Државните електрани на Северна Македонија својот придонес за зачувување на јавното здравје го започнаа од својата најголема подружница – РЕК Битола.

Екипа од 50-тина опремени и обучени лица, вработени во РЕК Битола и  ФОД Битола заедно со тимови на јавните претпријатија се вклучија во дезинфекција во влезови на станбени единици во Нова Битола.

-Тимот ќе биде на располагање на Општина  Битола додека трае кризата со КОВИД-19. Ќе направиме се што е во рамките на нашите можности и надлежности, а нашите професионалци постојано ќе вршат дезинфекција на колективните станбени заедници, објекти во кои има најголема популација од населението, ќе се дезинфицираат индивидуални станбени објекти, но и институции на кои ќе им биде потребна помош, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ковачевски најави дека слични акции ќе се реализираат и во останатите подружници на АД ЕСМ, каде работниот процес и човечките ресурси го дозволуваат тоа, со што компанијата уште еднаш ќе ја потврди општествената одговорност.

-Освен општествената, сакаме да ја потврдиме и личната одговорност кон заедницата. Затоа е потребно сите заедно, посветено и одговорно да се справиме со коронавирусот, истакна Ковачевски.

Масовната дезинфекција на станбените комплекси во Нова Битола во придружба на Ковачевски ја координираа, првиот човек на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски и директорот на ФОД Битола, Методија Тасевски.

АД ЕСМ донираше и 50 пумпи за дезинфекција на ЈКП „Комуналец“ од Битола кое врши дезинфекција на објекти и институции на територијата на Општина Битола.

 

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close