fbpx
ВестиВино

Предавање за производство на вино во домашни услови

Производство на вино во домашни услови, беше насловот на предавањето за индивидуалните преработувачи на грозје што се одржа синоќа во Кавадарци, во организација на Здружението на винари на Македонија.

Со предавањето беше означен стартот на манифестацијата „младо вино“ која годинава ќе се реализира четврти пат и во чии рамки денеска ќе се одржи дегустација и оценување на вина од домашни производители, додека утре е доделувањето на наградите за најдобрите.

Предавачот и претседател на Здружението Игно Тасев ја истакна потребата од дополнително едуцирање на земјоделите и најави повеќе вакви настани во иднина.

– Целта е индивидуалните производители на вина да можат во своето производство, покрај традицијата и знаењето, да ги вметнат и енолошките решенија што ги нуди новото време за подобар производ и развивање мали, семејни бизниси, рече Тасев за МИА.

Според, заменик претседателот Елена Богева, се зголемува интересот кај индивидуалните винари да учествуваат на натпреварот за најдобро вино и квалитетот на пристигнатите мостри е се подобар.

Предавањето се одржа во просториите на дисперзираните студии при Универзитетот „Гоце Делчев” (УГД) од Штип, во рамки на традиционалната соработка која Здружението ја има со Земјоделскиот факултет при УГД.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close