fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-Тутунот треба да биде 5 американски долари за килограм

Игор Мирчески вели дека Сојузот на земјоделски здруженија манипулира со цената на тутунот

Почитувани:

Вие искрено мислите дека земјоделците се неук народ кој ќе го лажете и излажете како што сакате со нарачани и претходно подготвени изјави од повисоки инстанци во кои ќе сеете магла и ќе ги убедувате тутунарите дека се поткренала цената на тутунот?

Затоа јавно ве замолувам: Не ни ја потценувајте интелегенцијата!!! А во врска со вашата изјава редно е да се каже вистината, па можеби и вие ќе научите нешто.

Официјалната валута за плаќање на тутун и производи од тутун во светот е USD(американски долар). Што значи тоа? Ако ланската година 1 евро во време на откупната сезона се разменуваше за околу 1,12 до 1,13 USD, тогаш ланската добиена просечна цена која достигна одвај 200 денари претворена во долари изнесуваше околу 3,75 USD. Според сегашниот курс меѓу EUR-USD кој изнесува 1:0,99 ако се помножи ланската просечна цена од 3,75 USD со моменталниот курс ќе се добие цифра од околу 233 денари.

На ваков начин со вешта манипулација МЗШВ преку Сојузот на земјоделски здруженија ќе им сервира на тутунарите вештачка илузија дека цената на тутунот ќе се зголеми во однос на лани?

Кратко и јасно цената на тутунот останува иста од околу 3,75-3,80 долари, но поради падот на еврото во однос на доларот на тутунарите ќе им се продава магла. Значи слободно можам да кажам ова цена која ја заговара СЗЗ од 240 денари не ништо повеќе туку разликата на појакиот долар во однос на еврото оваа година. Според трошоците за производство и животните трошоци во моментов просечната цена не смее да биде под 5 американски долари со која и тутунарите би биле задоволни, но и откупните компании би си осигурале опстанок и производство на тутунот и во идната реколта.

Затоа почитувани од СЗЗ и МЗШВ седнете да работите со откупувачите и вистински да ја поткрените цената на тутунот. ДОСТА Е СЕЕЊЕ МАГЛА.

Пишува Игор Мирчески, тутунар и координатор на тутунските новофрмирани здруженија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close