fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Претпладне сончево, попладне со услови за дожд и грмежи

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9

Температурата ќе се движи од 23 до 37 степени. Во Скопје слично време, со температура од 20 до 35 степени.

До средината на наредната седмица ќе бидеме под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови да има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close