fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Продолжено водоснабдување за земјоделските култури и после 15 октомври

Имајќи ги предвид реалните потреби за вода во овој период од годината, Подружница „Тиквеш” ќе продолжи со испорака и снабдување со вода за потребите на водокорисниците и земјоделските површини од Општина Росоман и после 15 Октомври, за што ги презеде потребните мерки за продолжување на снабдувањето со вода – се вели во писмениот допис до Општината.

Во врска со барањето за продолжување на сезоната за наводнување на земјоделски површини во Општина Росоман, од Подружница „Тиквеш” Кавадарци при АД Водостопанство ја известиле локалната самоуправа дека извршуваат снабдување со вода за наводнување и останати потреби за водокорисниците и земјоделските површини од левиот магистрален канал од ХМС Тиквеш, вклучително за водокорисниците и земјоделските површини од Општина Росоман.

– Имајќи ги предвид реалните потреби за вода во овој период од годината, Подружница „Тиквеш” ќе продолжи со испорака и снабдување со вода за потребите на водокорисниците и земјоделските површини од Општина Росоман и после 15 Октомври, за што ги презеде потребните мерки за продолжување на снабдувањето со вода – се вели во писмениот допис до Општината.

Снабдувањето со вода ќе продолжи и во наредниот период во зависност од потребите за вода и временските услови, за што навремено ќе бидат известени, како локалната самоуправа, така и докорисниците од Општина Росоман.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close