fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

ПроKредит банка пријател на земјоделците – кредитира компании и во време на криза

 

  1. Какви се показателите од работата на ПроКредит Банка во првиот семестар од 2020 година, како кризата влијаешe на вашата работа досега и какво е влијанието од кризата врз земјоделството како највитален сектор? 

Годината стартуваше многу позитивно, имаше убава енергија за работа, голем број од компаниите со кои што соработуваме имаа најави за нови инвестиции, еден дел и ги поддржавме во првите два месеца, но никој не очекуваше дека за кратко време сè ќе се пресече. Како цел свет да застана со крајот на месец март. Најголем дел од компаниите работеа со намален капацитет, пред се поради тоа што луѓето беа во карантин, што влијаеше на генерално намалување на потрошувачката.

И покрај предизвиците со кои се соочивме сите како дел од глобалниот свет во кој функционираме, ние како банка без скромност може да кажеме дека се гордееме со остварените резултати за првите 6 месеци. Заклучно со месец јуни, во текот на 2020 година беа исплатени вкупно 84 милиони ЕУР кредити за поддршка на локалната економија и потрошувачка и реализиравме пораст на кредитно портфолио од 19.5 милиони евра. Притоа депозитната база на банката е стабилна и во последните два месеци бележи и пораст.

Сектори кои беа први на удар и засега се најдиректно погодени од кризата се туризмот, угостителството и транспортот на патници. Ова се должи пред се на ограниченото движење на населението и сите останати мерки кои беа преземени за да се спречи ширењето на вирусот.

Градежништвото, производството и трговијата со останати добра, како и  услужните дејности  ги оценуваме со средно ниво на погоденост и во овие сектори последиците по работењето се мали, без значителни последици за понатамошното работење во бизнисот.

Нашата анализа покажа дека земјоделието, производство и трговија со храна и пијалоци се сектори за кои влијанието од пандемијата е на најниско ниво и за нив побараувачката остана на релативно стабилно ниво во изминатиот период, тренд што очекуавме да  продолжи понатака.  Интересен факт е дека во текот на месец мај, и покрај кризната ситуација, реализиравме рекорд и исплативме 151 кредит за инвестиции во земјоделска механизација и обртни средства. Од почетокот на 2020 година до денес исплатени се повеќе од 150 трактори што претставува доказ дека постои ентузијазам и активност во земјоделието. Радува фактот што и покрај забавувањето на светската и локалната економија во услови на криза, голем дел од клиентите продолжија со планираните инвестиции.

  1. Како ја организиравте работата со клиентите во вакви услови?

Бизнис моделот на дигитална банка ни даде максимален позитивен ефект во корона кризата. Тоа што сите наши клиенти се веќе поодамна екипирани со пристап до нашите дигитални канали, електронско банкарство и имаат електронски картички се покажа како наша голема предност. Клиентите на ПроКредит Банка не чекаа во редици пред експозитурите за да извршат стандардни рутински банкарски операции. Вонредната ситуација не предизвика промени во секојдневното работење на банката.  ПроКредит Банка е првата банка на пазарот која уште од 2015 година започна со комплетна дигитализација и автоматизација на своите услуги. Експозитурите на банката се претворија во Зони 24/7 за автоматизирани готовински трансакции, а нашите клиенти добија дигитални платформи за плаќања, штедење, менувачко работење и електронско потпишување договори директно од нивниот дом.

Користејќи ги дигиталните канали, клиентите немаа потреба воопшто да доаѓаат во просториите на банката а со тоа го намалија ризикот од изложување на COVID-19. Покрај тоа со користење на дигиталните канали, клиентите добија  високо ниво на услуга. Ваквиот начин на работа  ни овозможи клиентите кои сепак имаа потреба да дојдат во нашите експозитури или да не добијат преку контакт центарот, да бидат услужени од нашите советници за клиенти без чекање во редови, во позитивна атмосфера и максимално посветено внимание на секој клиент поединечно.

  1. Под кои услови може земјоделците да подигнат кредит и колкав е периодот за отплата на кредитите?

Секое барање од земјоделците на ПроКредит Банка се разгледува индивидуално и согласно потребите и можностите на земјоделецот, се утврдуваат висината на кредитот, висината на ратите, рокот на доспевање и начинот на отплата (годишни, полугодишни, квартални рати). Согласно намената на кредитот нудиме два типа на кредити

ФИКСНИ СРЕДСТВА

Земјоделска механизација, тракстори, машини за обработка на земјоделски производи

 

ОБРТНИ СРЕДСТВА

За набавка на семенски материјал, тековни ликвидносни потреби

 

·         Рок на отплата до 5 години

·         Без сопствено учество

·         Залог механизацијата која се купува

·         Брза одлука – до 3 дена

·         Рок на отплата до 36 месеци

·         Без обезбедување

·         Брза одлука – до 3 дена

 

 

Дополнително ПроКредит Банка има директна соработка и со најголемите продавачи на земјоделска и сточарска опрема/механизација во земјата, каде секој заинтересиран земјоделец може да се запознае подетално со поволностите кои ги нудиме за купување на опрема.

Апликација за кредит може да се поднесе електронски или по телефон, процесот на одобрување е брз, а клиентот треба да дојде во банка само за потпишување на договорот за кредитот.

Контакт за консултации и апликации: 02/ 321 9943; 070/ 391 – 738; 072/ 304 – 405 или е-маил: mkd.verysmallunit@procredit-group.com – – изјавија раководните лица од ПроКредит Банка

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close