fbpx
Вести

Говедарство – календар за месец април

goveda

Овој период претставува транзиција во однос на одгледувањето и исхраната на животните.

Неопходно е што повеќе да се искористат сончевите денови и животните да се изведат на прошетка и на пасење на отворено. Особено внимание треба да се посвети на соодветно избалансираната храна.

Потребно е животните да внесуваат по 0,5кг концентрирана сточна храна, за секој килограм млеко, над 5 кг. дневно. Препорачливо е во исхраната да биде вклучено и 2 – 3кг слама од пченица за дополнување на сувата материја, која обично во овој период од годината е ниска.

Изведувањето на животните на отворено и хранењето со свежа трева може да создаде услови за појава на различни инфекции. Заради тоа неопходно е да се превземат соодветни превентивни мерки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close