fbpx
ВестиТоп вести

Кој профитира на грбот на овоштарите?

Додека надлежните уверуваат дека откупот на коскестото овошје  во Росоман, се одвива без проблем, голем е бројот  на овоштари кои сметаат дека проблемот не е решен.  Велат дека цената што им се нуди не им се исплаќа и дека на овој начин само трговците профитираат на туѓ грб.

-Скоро 7 тони праска од сортата Спринг рес  ги  оставив на нива и не ги берам. Ако се сменат работите, односно ако се зголеми откупната цена, за останатите сорти што стасуваат подоцна, ќе почнам да берам, а сега ги оставив и не ги берам, вели Благоја Симоноски овоштар од Росоман. Не сум задоволен, една гајба праски се откупува за 100 ден. Пред два дена имаше некои откупувачи  кои ги земаа за 150 -200 ден по гајба, но сега повторно се откупуваат по 100ден. додава тој.

Овоштарите велат дека таа цена не им се исплати и дека нема да ја даваат праската. Исто така велат дека има и диви откупувачи кои ја земаат и плаќаат праската во кеш.

Слична е состојбата и со кајсиите. Откуп нема и спас се бара во складирање на овошјето во ладилници и чекање на подобра цена, велат производителите.

-Нема откуп за кајсиите. Производната цена изнесува околу 30ден/кг, додека откупната е многу пониска 18-20ден/кг. што на нас производителите не ни се исплати. Јас имам сопствен ладилник до 100 т капацитет. Ќе ја чувам таму кајсијата и ќе чекам, натаму што ќе биде не знам, вели  Боро Ангелов овоштар од Градско.

Од МЗШВ уверуваат дека откупот на праска се одвива непречено  и 60% оди за извоз во Русија. Цената се движи од 15-20 ден во зависност од квалитетот. Како што најавија се очекува во текот на оваа недела Министерството да има средба и со компании од преработувачкиот сектор за да се договори  откуп на праска за преработка  со цел да се откупат сите произведени количини на праски.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close